ФАО – храната на глобално ниво е во тренд на покачување

Вести

Прехранбените продукти со највисоки цени во послпрехрамбени едниве седум години на глобално ниво, вели последниот извештај на агенцијата за храна на Обединети нации.

Ваквиот тренд се чувствува и во земјава. Се повеќе пари за храна, а се помалку продукти во торбата, се жалат граѓаните кои велат дека го почувствувале ударот по џебот од покачувањето на прехранбените производи, особено во последниве неколку месеци. Според нив, најизразено е покачувањето кај месото и сувомеснатите производи, но и кај млечните продукти и овошјето.

-Неспоредливо покачување, иако имам прилично добри примања, кога ја го осетив, другите тотално ќе го осетат, а сам сум, четири члено семејство теорија нема да може да опстане со моиве примања.

-Сигурно дека била потешка во тоа време со истите пари отколку сега што е/ Не, пола е, оваа година сега пола е, едно кило месо да земеш, спанаќ, компири тоа е.

Маријана Лончар, претседателката на организацијата на потрошувачи исто така потврдува дека има покачување, но акцент стави на скриеното покачување, за кое што вели дека е актуелно во моментов, предупредувајќи ги граѓаните да внимаваат.

-Грамажата на производите која во континуитет се намалува, па така место сто грама имате 95, 70 грама или место килограм имате 900 грама. Треба потрошувачите да внимаваат, тоа е скриено покачување на цената која што навидум останува иста, меѓутоа во суштина производот е поскап,вели Маријана Лончар – Претседател на организацијата за потрошувачи.

Лончар укажа и на големата разлика во цените која што ја има од маркет до маркет, велејќи дека луѓето тоа видно го забележуваат и се повеќе бираат на кое место ќе ги потрошат парите. Ваквата информација на Лончар ја потврдува и сликата од терен, граѓаните бираат каде ќе пазарат, а за поевтини цени се информираат од соседите и пријателите…

Од организацијата за потрошувачи посочија дека граѓаните се повеќе се насочуваат кон пониските цени отколку кон квалитетот, со што им укажуваат на купувачите да внимаваат на роковите и на начинот на кој се оддржувал производот.

На глобално ниво според агенцијата за храна најголем скок на цените е забележан кај житните растенија, растителните масла и шеќерот кој има најголем скок од 2012 година, стои во извештајот….

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *