Фармерите со рок до крајот на идната година, да го подобрат квалитетот на млекото

Вести

Од 70% испитани фарми во Македонија само 3% го задоволуваат потребниот квалитет на млекото од аспект на вкупен број на бактерии. Доколку до крајот на 2020 фармерите не ја испочитуваат законската регулатива за бројот на бактерии тие нема да можат повеќе да го предаваат млекото.

„За да го подобрите квалитетот на млекото битни се многу фактори. Одгледувањето на животните, фармата, начинот на молзење, хигиената на фарма, хигиената на молзење, опремата за ладење, едукацијата, познавањето и многу други работи“, истакна Соња Србиноска, професор на факултетот за земјоделски науки и храна.

Вината зошто не е подобрен квалитет на млекото се гледа кај млекарниците кои неплаќаат повеќе за поквалитетно млеко и кај тоа што така нема повисоко субвенционирање за повисок квалитет на млеко.

„Можеби државата треба да организира една лабораторија, со мрежа на контрола, воспоставување на еден систем, интегриран систем за анализа и контрола на млекото и на тој начин и млекарниците таквите резултати од анализите да може да ги користат и соодветно да ги награди фармерите“, кажа Србиноска.

Работилница на оваа тема се одржа во Прилеп организирана од ЛАГ АГРО ЛИДЕР, како дел од проектот „Подобрување на продуктивноста и успехот на пазарот на македонските земјоделци“.

„Се уште имаме традиционален начин на производство, а следејќи ги стандардите на ЕУ треба да се премине кон модернизација на нашите фарми, за да се дојде до прогресивен начин на производство, со цел самите млекопроизводители да имаат подобра економска одржливост од она што го работат“, изјави Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *