Фолијарна прихрана на шеќерната репа

Вести Полјоделство Совети

За да добиеме високи приноси и корења со добар квалитет на шеќерна репка, меѓу другото, треба да имаме добри резерви на бор и магнезиум, бидејќи шеќерната репка бара повеќе од другите култури, и тоа од 300 до 500 г/ха и магнезиум од 60-80 кг/ха.

При недостаток на бор, се појавуваат морфолошки анатомски и физиолошки промени на растенијата од шеќерна репка. Ваквите растенија остануваат недоволно развиени, се уништуваат најмладите лисја и се формираат пукнатини во внатрешноста на стеблата. При недостаток на бор, коренот на репката останува недоволно развиен и содржината на шеќерот е намалена во неа.

Недостатокот на магнезиум во почвата, исто така, предизвикува намалување на приносот и квалитетот на коренот. Овој елемент, освен потребата за енергија и резервен енергетски транспорт, станува дел од молекулата на хлорофил. Затоа, првите симптоми на недостаток на магнезиум се појавуваат во форма на ограничени жолти површини на рабовите на лисјата. Жолтата површина се шири меѓу жилите на листот и за неколку недели листовите стануваат некротични. Со цел правилно да се одредат областите каде има потереба од додатна количина на бор и магнезиум, пред да се посее шеќерната репка (лето и есен) треба да се земат примероци од почвата за хемиска анализа.

По добиените резултати, треба да се регистрираат областите со недостаток на овие елементи. При вегетацијата на шеќерна репка, за време на интензивното примање на магнезиум и бор од почвите кои покажуваат недостаток на овие елементи, треба да се спроведе фолијарна прихрана. Најголемата потреба за овие елементи на шеќерната репка е во текот на јуни и почетокот на јули, односно од затворање на редовите до достигнување на максималната лисна површина.

Магнезиум се додава двапати како 5% раствор на магнезиум сулфат (горчлива сол) со течност од 400 л / ха (20 кг / ха MgSO4x7 H2O x два третмани = 40 кг / ха MgSO4x7 H2O). Бор се додава двапати, на пример во форма на Fertina B во количина од 12,5 l / ha (25 l / ha Fertine B, односно 0,5 + 0,5 kg / ha B) со 200 l вода.

Растојанието помеѓу третманот со бор и магнезиум, треба да биде 10 до 15 дена (4-7 јуни и 15-20 јуни за вториот третман).

Фолијарната прихрана на почвата, при производството на шеќерна репка, кои што покажуваат недоволно снабденост со овој елемент, резултира со зголемување на приносот на коренот.

” Современо Земјоделство “

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *