Германија ја надмина Италија по производство на сладолед во 2017-та

Вести

Германија има произведено повеќе сладолед од традиционалниот лидер на пазарот Италија во 2017-та година, се наведува во објавените податоци на Федералната статистичка служба, цитирана од светските агенции.

Германија има произведено 517 милиони литри сладолед во 2017-та година, што ја става земјата на чело на листата во Европа.

Во исто време Италија има произведено 511 милиони литри. По нив следуваат останатите европски земји: Франција со производство од 466 милиони литри, а Шпанија со 320 милиони литри од ова слатко летно задоволство.

Во 2017-та година, во Европа се произведени 3,1 илјади милијарди литри сладолед.

Производството на сладолед расте постојано во последниве години, но останува да се види дали овогодинешниот летен топлотен бран на Стариот континент ќе доведе до зголемена продажба и производство на сладолед.

Федералната статистичка служба на Германија ќе ги претстави податоците за 2018-та, потсетуваат агенциите.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *