Голема суша, нема врнежи од дожд – синоптичарите најавуваат дожд на крајот од октомври

Вести

Се зголемува бројот на сончеви денови, високи температури и во октомври, а недостига дожд за почвата да биде плодна.

Во 2017 година земјоделските површини претрпеле штета од над 50 милиони евра а во 2016 имало штета од 30 милиони евра.

Највисоката температура оваа година од над 37 степени Целзиусови беше измерена во Гевгелија, а најниска од минус 2 во Берово. Според информациите, бројот на дождливи денови е намален а за сметка на тоа е пораснат бројот на сончевите денови. Александра Стевков работи 10 години во Хидрометеоролошкиот завод. Таа вели дека температурите растат од ден на ден.

Од УХМР велат дека дожд може да очекуваме кон крај на месецов. Во последниве 20 години евидентирано е дека  температурите се во постојан пораст. Од 2007 до 2018, само 2011 не била година со високи температури.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *