Градинарство – календар за месец август

Вести Полјоделство Совети

Август е месец, во кој што градинарите имаат доста обилна работа. Имено, во овој период треба да се продолжи со грижата за првите посадени култури, градинарите се припремаат и за садење на вторите култури, а се наметнува и бербата. Треба да се има во предвид дека, треба да се отстранат деформираните, заболени и нестандардни плодови од краставици, домати и пипер. Тоа ќе овозможи нормален раст на новите
заврзоци, ќе се намали опасноста од зараза и воопшто ќе се добие подобар и порентабилен производ.

За да се намали опасноста од болести и штетници во градинарските култури, не е доволно тие само да се испрскаат. Потребно е да се испрска и уништи и плевелот во и покрај површината засадена со градинарски култури. Ова особено важи за оранжериите.

Сите зеленчукови култури во овој период имаат потреба од вода. Најдобро време за наводнување е во раните утрински часови или покасно навечер.

Со цел да се заштитат доматите, потребно е да се водат редовни забелешки и контроли за алтернариата, пламеницата и пепелницата. Исто така треба да се води контрола и кај пиперот и кај краставицата. Веднаш при појава на првите симптоми, потребно е да се реагира со соодветните фунгициди, а исто така веднаш штом се надмине економскиот праг на штетниците потребно е да се истретира со соодветни, регистрирани инсектициди.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *