Градинарство -земјоделски календар за месец ноември

Вести Полјоделство Совети

Во ноември, испразнатите градинарски површини се чистат од растителните отпадоци. Потоа се врши ѓубрење со комбинирано ѓубриво и длабоко орање. При последната обработка на почвата препорачливо е да се истретира со регистриран почвен инсектицид против нематоди и други штетни инсекти и со хербицид против плевели. Потоа почвата се покрива со фолија, а после една недела фолијата се отстранува и по 2-4недели почвата повторно се обработува. Доколку температурата е над 10 степени, обработката се врши порано.

Зимските култури може да се посадат по 20 дена. Овој третман се прави еднаш на 3 години.
Оранжериите до 1 декар препорачливо е да се испрскаат со 1% раствор од формалин, по што оранжеријата се затвора на 1-2 денаа после се проветрува. Во оранжериите каде што има и правилно функционира инсталацијата за проветрување, формалинот се внесува преку не и тоа околу 60 литри за 3000 метри кубни воздушен простор. Оранжеријата се затвора 1-2 дена и потоа се проветрува.

На почетокот на месецот се врши сеидбата на доматите и краставиците за зимското, оранжериско производство, при што семето треба да биде деконтаминирано.

Сеидбена норма:
– Домати – 30гр. или 4000 растенија на хектар
– Краставици 50 – 60гр. или 2200 растенија на хектар
– Пипер – 120 – 140гр. или 4000 растенија на хектар.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *