Хоџа: Ќе се откупи целото грозје до последно зрно

Вести Лозарство

Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и директоорт на земјоделскиот инспекторат Зоран Шапуриќ доцна попладнево го посетија откупниот пункт „Лазово мовче“. Овде се откупува винско грозје за преработка во дестилат.  Лозарите кои чекаа да го продадат својот род добија ветување дека ќе им биде откупено грозјето до последно зрно.

Цената што ќе ја добијат лозарите, иако грозјето е со лош квалитет, изнесува 12 денари со државната поддршка. Лозарите се заблагодарија што се изнајде решение за проблемот со винското грозје,  кое поради лошите временски услови визбите не го откупуваа.

Хоџа и Јанчев најавија дека од утре ќе откупува и винаријата „вардар вајнари“ (поранешна Петра) и дека лозарите не треба да стравуваат. Ќе се откупи и грозјето со помалку шеќерност од 18%.

Извор – КТВ

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *