Хоџа: Заедно и посветено ќе работиме во насока на развој и унапредување на земјоделството

Вести

Денеска, новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Ајранит Хоџа, заедно со генералниот секретар, Нефрус Челику и шефот на кабинет Дритан Рамадани, одржаа работен состанок со државните советници, директори на управи и раководители на сектори и одделенија.

-На состанокот, кој се оддржа во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имав можност детално да се запознаам со работата на министерството, истакна Хоџа.

Новиот министер најави дека ќе продолжи заедно и посветено да работи во насока на развој и унапредување на земјоделството.

Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *