И слатки и лути, пиперките се извор на здравје!

Вести Градинарство Совети

Пиперките црвени, зелени или жолти, слатки или топли се исклучително здрави за човечкото тело. Тоа е едногодишно растение  кое се користи како зеленчук, зачин и лекови. Најпозната е чили пиперкa  одгледувана во денешно Перу 3.000 п.н.е.  Во Европа  е донесена од Шпанците  во 16 век, а во Србија ја  донеле Турците.

Пиперките се користат свежи, конзервирани (кисели) или суви. Без разлика дали се слатки или лути, пиперките се екстремно богати со витамини Ц, А и Б. Верувале или не, но една поголема црвена пиперка, содржи четири пати повеќе витамин Ц од портокалите.

Покрај 92 проценти вода, црвената пиперка има 1,2 грама диетални влакна, е богат извор на витамини А, Б6 и К, и содржи многу минерали како фосфор, калиум и железо, како и хранливи материи од
групата на каротеноиди.

Синергијата на витамини Ц и А и каротеноидниот ликопен му дава антиоксидантна моќност на пиперката и ја класифицира како супер храна. Колку е позрела пиперката, толку е повисоко нивото на витамини и минерали. Покрај тоа, таа има ниска енергетска вредност и го забрзува метаболизмот, па затоа се препорачува за слабеење и диети.

Кога станува збор за лековити својства, пиперките се богати со каротеноид зеаксантин, што е исклучително важно за здравјето на очите. Редовното консумирање на овој зеленчук се смета дека влијае на спречување на губење на видот и исто така помага при постојните заболувања на очите. Пиперките треба да се јадат особено во лето затоа што штитат од штетниот (сина) спектар на УВ зраците, особено во време на силна сончева светлина.

Како вистински рудник за витамин Ц, пиперката е исклучително важна во борбата против слободните радикали, а бројни студии покажаа дека тој има превентивен ефект во спречувањето на формирање на рак на простата, хранопроводник и желудник. Пиперката ја олеснува несоницата, стресот и ПМС-симптомите кај жените, исто така се користи за разубавување. Помага на кожата да се бори против неправилностите како што се пеги и флеки, но исто така ги намалува брчките.

За светла и поздрава кожа, можете да направите маска од свежи или сушени пиперки измешани со една лажица мед. Оставете ја оваа маска да делува на лицето околу дваесет минути и исплакнете со млака вода. Неодамнешните студии покажаа дека црвената пиперка ја активира термогенезата и со тоа се промовира согорување на калории.

Предностите на пиперката се големи особено на лутите. Француски готвач од 17 век, Ателлм Саварин во својата книга „Физиологија на вкусот“ напиша дека пиперките „ги прават жените нежни и еластични, а мажите пожелни“. Се верува дека лутиот пипер е афродизијак затоа што го подобрува протокот на крв, влијае на позитивно расположение и предизвикува страст кај луѓето. Освен што е афродизијак, се вели дека пиперката има стимулирачка моќ на скалпот и спречува ќелавост, иако оваа теорија никогаш не била научно докажана.
Но, затоа е докажан позитивниот ефект на лутите пиперки врз здравјето на луѓето. Поточно, некои видови пиперки се лути благодарение на сложениот капсаицин што според Американското здружение за истражување на ракот, се покажало дека ги уништува клетките на ракот на простатата. Најлутите  пиперки во светот се одгледуваат и во регионот.

Македонија  е позната по производство на пиперки, но и ајвар без кој не можеше да се замисли зимата  во кое било домаќинство . Потеклото на зборот ајвар е вкоренето во турскиот збор хавјар што значи кавијар во превод.

Додека некои велат дека ајварот е салата, други тврдат дека станува збор за намаз, но сигурно никој не може да му одолее. Така ќе споделиме со вас рецепт за
вистински, домашен ајвар како што правеа нашите баби.

Домашен ајвар
Состојки:
10 кг месонати црвени пиперки
3 големи црни патлиџани.
5  дцл масло

Се друго по желба

Подготовка: Пиперките се печат  потоа се чистат  од кожата и семето,  треба добро да  се исцедат и  се мелат заедно со печените  црни патлиџани. Потоа  се  пржи и кога  е готов ајварот се собира  во тегли.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *