Илиевски оствари средба со претседателот на здружението на сточари „Орлови вари“ од Битола

Вести Сточарство

Кабинетот на раководителот Методија Илиевски, на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во подрачната единица во Битола, е место, постојано отворено за состаноци со земјоделци, решавање на напластени проблеми, совети…

Една од нив е и средбата, втора по ред, со претседателот на здружението на сточари „Орлови вари“ од Битола –  Никола Георгиев и членови на здружението.

Со раководителот Методија Илиевски разговараа за проблемите со кои се соочуваат во сточарството и за идите планови на здружението.

Оваа година, МЗШВ потенцира дека со развојни мерки кои ќе ги креираат заеднички со фармерите ќе се зголеми добиточниот фонд и ќе се направи сточарството профитабилно.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *