Индекси на цените во земјоделството во март 2018

Вести

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2.0 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 5.0 %.

Во март 2018 година, во споредба со март 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 102.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 102.2.

Во делот аутпут, во март 2018 година, во споредба со март 2017 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 93.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 104.0.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *