Исплатени субвенциите за поледелство во висина од 455 милиони денари

Вести
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ги исплати директните плаќања за поледелски култури. 🌾
Исплатени се над 24.000 корисници со вкупна сума од 455 милиони денари.
Исплатата на поледелските култури доаѓа во вистински момент, кога земјоделците се во екот на припремите за пролетната сеидба. 🚜
Агенцијата продолжува со своите активности за овозможување на финансиска поддршка на земјоделскиот сектор преку неселективна исплата која се одвива согласно динамиката на обработка на пристигнатите апликации. ✅
Директор на АФПЗРР Никица Бачовски
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *