Извозот во јануари и февруари со раст од 21,1 отсто

Вести

Извозот на стоки во првите два месеца од годинава бележи раст од 21,1 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци вредноста на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 1.301.104 илјади американски долари.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 1 301 104 илјади американски долари и бележи пораст од 21.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 659 766 илјади американски долари што е за 15.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 358 663 илјади САД долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, ќерамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија во овој период најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 1 072 524 илјади евра, и бележи пораст од 9.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 368 640 илјади евра што е за 4.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 296 116 илјади евра.

Извор: Државен завод за статистика

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *