Јавен повик за економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност

Вести Огласи

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска го објави повикот за поднесување на барања од Програмата за рурален развој за мерката 131 „Економско здружување на земјоделските стопанства за вршење на земјоделска дејност. “

На овој повик може да се пријават сите земјоделски задруги кои се регистрирани во Регистарот на задруги при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за земјоделски задруги.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информира дека средствата од оваа Програма се неповратни а ќе можат да се користат за основање и функционирање на земјоделски задруги, за покривање на основните трошоци – административни и технички капацитети, за ангажирање на стручни лица, за просечната плата на управителот исплатена во дејноста во претходната година како и за ангажирање на еден вработен од областа на земјоделските науки и ветеринарство.

Согласно условите предвидени во оваа мерка, првата година се покриваат 100% од прифатливите трошоци на задругата за плати со намалување за 20% за секоја наредна година во период не подолг од пет години.

Еден корисник, може да поднесе само едно барање за една мерка, или најмногу две барања по различни мерки, земајќи ги во предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 – та година.

Барањата за финансиска поддршка, заедно со пропратната документација, се доставуваат во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 05/2019 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето.

Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

Краен рок за доставување на барања за исплата по овој јавен повик за првото полугодие е најдоцна до 15- ти јули 2019 година и 15- ти јануари 2020 година за второ полугодие. Барањата доставени по тој рок нема да се разгледуваат.

 

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Код на мерка Назив на мерката
Мерка 131 Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност

 

131.1 Помош за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистар на задруги при МЗШВ

 

  1. II. КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

Субјекти Код на мерка
Земјоделски задруги регистрирани во Регистар на задруги при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделски задруги Мерка 131

 

III.       ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Финансиската поддршка се доделува во износ од 100% од вкупно направените прифатливи трошоци.

Финансиската поддршка за плата за управител на земјоделска задруга која согласно со пропишаните услови може да остварува право на помош од овој вид во висина од 100% во првата година, од просечната плата исплатена во Република Северна Македонија за претходната година, со намалување од 20% за секоја наредна година во период не подолг од пет години.

Финансиската поддршка за ангажирање на едно лице од областа на земјоделските науки и ветерината, согласно со видот на земјоделската задруга во висина не повеќе од просечната плата исплатена во Република Северна Македонија за претходната година (за земјоделските задруги од голем обем)

Доделената финансиска поддршка е неповратна.

 

  1. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

 

Барањата за поединечна подмерка се доставуваат во оригинален примерок.

 

Еден корисник поднесува посебно барање за секоја мерка во оригинал. Еден корисник може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

 

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

  • Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 23/19, 32/19, 106/19 и 113/19)
  • Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17 и 83/18)
  • Закон за земјоделски задруги („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 23/13, 51/15, 193/15 и 39/16)
  • Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17 и 162/18) и
  • Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 72/14, 35/16 и 59/16)

 

Барателите на финансиска поддршка потребно е да поднесат уредно и целосно пополнето барање за исплата на средства за Мерка 131 заедно со пропратната документација наведена во барањето.

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства за мерката 131, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година. Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.

 

  1. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

 

Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 ( Зграда на Македонија Табак блок Ц )

1000 Скопје

 

  1. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

 

Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 05/2019 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата  или предвремено отворање на барањето.

 

Краен рок за доставување на барање за исплата по овој јавен повик е:

-за прво полугодие најдоцна до 15 јули 2019 година

-за втор полугодие најдоцна до 15 јануари 2020 година

 

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

 

 

 

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и

на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *