Како да препознаете ГМО храна по пазарите и продавниците

Вести Совети

Засега нема вистински начин и универзално решение затоа треба да се потпреме на својот здрав разум, логика и инстинкт, како и на сопственото истражување за добавувачите на суровини, производителите на храна и информирањето преку медиумите.

Принципи:

ГМО храната е поубава, округла, посјајна, со изедначена големина, сјајна боја без модрици и оштетувања, без лузни и знаци на расипување. Во природа не сме сите исти. Некој е повисок, некој понизок, некој крупен, а некој слаб. Истото важи и за природното овошје и зеленчук. Купувајте неправилно овошје и зеленчук, така да се каже, со грд изглед. Гледајте овошјето и зеленчукот да биде со различни бои, големини и форми. Ништо нема да му недостига ако е малку удрено и да покажува знаци дека е навистина живо т.е. да се расипува. На полицита каде што има такво овошје и зеленчук, големи се шансите да не се ГМО.

Купувајте од селаните кои сами ги одгледуваат производите и употребете ги горенаведените совети. И селаните сејат ГМО незнаејќи и ги хранат домашните животни со ГМО производи (најчесто пченка). Месото од такви животни, во принцип, би требало да изгледа исто како и кај нормалните, но сепак обратете внимание на изгледот на црниот дроб и бубрезите. Ако ви делуваат болно, подобро да се откажете од купување бидејќи тие животни можеби се хранети со ГМО сточна храна. Се знае што е болен, а што здрав изглед. Болното е бледо, сиво, жолто со оштетувања и израстоци кои не делуваат нормално. Здраво е розевото и црвено месо.

Занемарете го убавото пакување. Профитабилноста на ГМО растенијата, овошјето и зеленчукот им овозможува на производителите да потрошат пари на убавите пакувања.

Информирајте се на интернет за земјите кои одгледуваат ГМО. Доколку нешто е со потекло од земјата која вовела ГМО, најверојатно е и ГМО: Бидете посебно внимателни. Следете ги вестите во земјите кои забрануваат увоз на ГМО како Франција, Унгарија. Така, барем, донекаде ќе сте сигурни дека производот не е ГМО. Истото важи и за земјите кои се најголеми производители на ГМО производи – САД, Аргентина, Бразил, Кина и Индија кои произведуваат и ГМО памук.

Обидете се да исфрлете сè што има најголеми шанси да биде ГМО. Тоа е најчесто месо од животни кои се хранат со ГМО храна, како и популарните грицки, чипсови и слично затоа што на големите компании им одговара суровината да биде со изедначена големина.

Работниците во Монсанто не ја јадат храната која ја одгледуваат, лекарите кои ги вакцинираат туѓите деца, не се вакцинираат себе, ни своите деца. Внимавајте во продавниците. ГМО храната е најевтина, а здравата храна по правило е поскапа. Старото правило кое го чува здравјето е исхрана со сезонско овошје и зеленчук. Ако во продавниците видете овошје или зеленчук на кое не му е време, тоа е најчесто увозно (обратете внимание на земјата на потекло) или е одгледано во пластеници со употреба на сите био-технологии, забразувачи на раст и пестициди.

92% од сојата во светот е ГМО! Според податоците на ISAAA (Меѓународна служба за набавка на земјоделско-биотехнолошка документација), како и според податоците од Европската Унија, од 2007 година, кога светското производство на соја било 58,6% генетски модифицирано (ГМО), преку 2010 год., кога тоа било 80% до денес – ГМО сојата е 92% од светското производство на оваа житарка. Мали се шансите токму Вие да налетате на тие 8% соја која не е генетски модифицирана (ГМО).

Во што поголема мера поддржете ги малите производители и земјоделци кои сами ја одгледуваат и продаваат храната, но секогаш гледајте какви се производите и применувајте ги горенапишаните правила.

Во врска со ГМО памукот, симптомите на моргелонс заболувања, масовно се забележани кај кинеските работници, честопати и кај децата кои работат со ГМО памук, во Кина, заедно со Америка, Аргентина, Бразил и Индија. Во допир со таков памук може да се дојде купувајќи кинеска роба, постелнина, ткаенини, играчки, па и облека од прочуените марки чии производи се изработуваат во Кина.

Неколку луѓе ја тестирале храната не знаејќи дали примерокот кој го пробуваат е ГМО или природен. Погледнете како ги оцениле производите кои ги пробале и дали забележале дали се работи за ГМО или не.

Џејсон Калтон, нутриционист кој студирал на Харвард и Јеил, е коавтор на книгата „Богата храна, сиромашна храна“, со сопругата Мира. Тој ја истакнува опасноста советувајќи нè да се држиме до органските, свежи производи или оние кои се одгледуваат локално, а да избегнуваме ГМО производи. Запаметете дека индустриски добиеното млеко, месо и риба често потекнуваат од животни хранети со ГМО соја и пченка.

Иако ГМО производите не се обележани Калтонови велат дека постои трик за препознавање на оваа храна. Побарајте го бројот на налепници на производите, кој се вика PLU (Product Lookup Number). Ако PLU е четирицифрен број кој почнува на 3 или 4, тоа значи дека производот не е ГМО, но настанал на фарма која користи хемикалии и пестициди.

Доколку бројот на налепниците има пет цифри кои започнуваат со 9, тоа значи дека производот е органски, создаден без хемикалии, пестициди, односно генетски модификации.

„Можете со мирна совест да ги купувате овие производи“, вели Калтон.

Но, производите означени со петоцифрен број кој почнува со 8 се генетски модифицирани.

„Тие се неприродно создадени“.

Поради фактот дека ГМО производите се широко распространети и вообичаено не се обележани, речиси е невозможно сосема да ги избегнете. Меѓутоа, ова овошје и зеленчук е ретко генетски модифицирано: лук, ананас, грашак, манго, аспарагус, модар патлиџан, киви, зелка, благ компир, лубеници и печурки.

Следните производи имаат далеку поголеми шанси да бидат ГМО: јаболки, целер, пиперки, праски, јагоди, грозје, спанаќ, краставици, боровинки, компири, боранија, ќељ, портокали, пченка, тиквички, цреша и лути пиперки.

ГМО храната е воглавно поубава, округла, сјајна, производите се со еднаква големина, сјајни бои, без оштетувања и без ни малку скапаност.

Кај природниот зеленчук е поинаку, исто како што сите не сме еднакво високи, дебели или слаби.

Ве советуваме да купувате неправилно овошје и зеленчук кое изгледа грдо.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *