Како да се регистрирате за продажба од куќен праг – услов за добивање грант од 10.000 евра

Вести

Малите семејни производители се во фокусот на земјоделската реформа која почнува од оваа година, откако на владината седница беа усвоени новите програми наменети за поддршка на малите производители на храна и пијалаци. Преку Програмата за финасиска поддршка на мали производители на храна, овозможена е поддршка во форма на неповратен грант до 600.000 денари за поддршка во набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг.

Корисници на средствата можат да бидат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во МЗШВ и кои се регистрирани или евидентирани како оператори со храна, од животинско или неживотинско потекло согласно Правилнииците за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси, начинот и барањата што треба да ги исполнат при директно снабдување со храна од страна на производител до краен потрошувач, условите за просториите, материјалите, инструментите и опремата во објектите кои произведуваат, како и начинот на производство на храна со традиционални карактеристики. Прифатливи трошоци по корисник се трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) и/или трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна), кои што не надминуваат 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

Барање за воведување во евиденција на оператор со храна за примарно производство

Барање за регистрација на објект и оператор со храна за примарнo производство и преработка на примарни производи од животинско потекло

Барање за регистрација на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количества на производи од неживотинско потекло за директно снабдување до крајниот потрошувач и производство на храна со традиционални карактеристики.

Потребна документација во прилог на барањето

Барањето за регистрација на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количества на производи од неживотинско потекло за директно снабдување до крајниот потрошувач и производство на храна со традиционални карактеристики во прилог содржи:

I. За физичко лице:

  1. Барање за регистрација на објекти и оператори со храна- за мали
    количества, директно снабдување;
  2. Документ за лична идентификација (копија од лична карта);
  3. Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот
    /концесија;
  4. Доказ од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство –
    Подрачна единица за регистрација во единствениот регистар на
    земјоделски стопанства (ЕРЗС) за засадени површини со култури кои ќе
    ги преработува;
  5. Доказ за уплатени административно такси и трошоци на Образец ПП-50
  6. II. За правно лице:
  7. Барање за регистрација на објекти и оператори со храна- за мали количества,
    директно снабдување;
  8. Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
  9. Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот /концесија;
  10. Доказ од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство –
    Подрачна единица за регистрација во единствениот регистар на земјоделски
    стопанства (ЕРЗС) за засадени површини со култури кои ќе ги преработува;
  11. Доказ за уплатени административни такси и трошоци на Образец ПП-50

За изготвување на апликации за грант до 10.000 евра можете да ни пишете на e-mail адреса info@sovremenozemjodelstvo.mk или да нè контактирате: 075/619-032

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *