Малите семејни производители се во фокусот на земјоделската реформа која почнува од оваа година, откако на владината седница беа усвоени новите програми наменети за поддршка на малите производители на храна и пијалаци. Преку Програмата за финасиска поддршка на мали производители на храна, овозможена е поддршка во форма на неповратен грант до 600.000 денари за поддршка во набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг.
Корисници на средствата можат да бидат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во МЗШВ и кои се регистрирани или евидентирани како оператори со храна, од животинско или неживотинско потекло согласно Правилнииците за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси, начинот и барањата што треба да ги исполнат при директно снабдување со храна од страна на производител до краен потрошувач, условите за просториите, материјалите, инструментите и опремата во објектите кои произведуваат, како и начинот на производство на храна со традиционални карактеристики. Прифатливи трошоци по корисник се трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) и/или трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна), кои што не надминуваат 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.
Барање за воведување во евиденција на оператор со храна за примарно производство

Барање за регистрација на објект и оператор со храна за примарнo производство и преработка на примарни производи од животинско потекло

Барање за регистрација на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количества на производи од неживотинско потекло за директно снабдување до крајниот потрошувач и производство на храна со традиционални карактеристики.

Потребна документација во прилог на барањето
Барањето за регистрација на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количества на производи од неживотинско потекло за директно снабдување до крајниот потрошувач и производство на храна со традиционални карактеристики во прилог содржи:
I. За физичко лице:
- Барање за регистрација на објекти и оператори со храна- за мали
количества, директно снабдување; - Документ за лична идентификација (копија од лична карта);
- Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот
/концесија; - Доказ од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство –
Подрачна единица за регистрација во единствениот регистар на
земјоделски стопанства (ЕРЗС) за засадени површини со култури кои ќе
ги преработува; - Доказ за уплатени административно такси и трошоци на Образец ПП-50
- II. За правно лице:
- Барање за регистрација на објекти и оператори со храна- за мали количества,
директно снабдување; - Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
- Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот /концесија;
- Доказ од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство –
Подрачна единица за регистрација во единствениот регистар на земјоделски
стопанства (ЕРЗС) за засадени површини со култури кои ќе ги преработува; - Доказ за уплатени административни такси и трошоци на Образец ПП-50

За изготвување на апликации за грант до 10.000 евра можете да ни пишете на e-mail адреса info@sovremenozemjodelstvo.mk или да нè контактирате: 075/619-032