Календар на козарска фарма за февруари

Вести Совети Сточарство

Во последните два месеци од бременоста потребата на козите од енергија, протеини и минерални материи се зголемува значително, поради значителното
зголемување на плодот и потребата од акумулација на масти, кои ќе се користат како телесни резерви во периодот на лактација.

Затоа козите – мајки треба да се хранат со балансирани оброци. За да се добие добра млечна продуктивност во следната лактација, на животните треба да им се обезбеди период на пресушување. За таа цел се врши пресушување на мајките на околу 45-60 дена пред окозувањето, за да може да се обноват млечните жлезди.

При пресушувањето треба да се следат следните правила: -да се намали количеството на храната и да се исклучи сочната добиточна храна од дажбите.

Најсоодветна сточна храна во текот на овој период е сено со висок квалитет, за да пресушат високо продуктивните животни треба да се исклучи од исхраната концентрирана сточна храна од дневните дажби, треба да се намали количеството на
вода за пиење, животните треба да се пресушуваат постепено, така што во текот на 3-4 дена треба да се пропушти вечерното молзење, потоа животните треба да се молзат еднаш во денот, а на крајот треба да се молзат еднаш во два дена.

По пресушувањето, исхраната треба да се нормализира, но не треба да се заборави дека сеното треба да остане главна компонента во дажбите. Во сушниот период може да се користи лисна сточна храна, и со неа да се обезбедат до 30-40% од енергијата во дажбите, силажа до 40%, слама до 20%. Концентрираната сточна храна се дава во количина 0,200-0,500кг.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *