Календар за говедарска фарма за февруари

Вести Совети Сточарство

Времето во овој период е полошо и тоа наметнува кравите да бидат долго во шталата.

Важно значење за зачувување на здравјето на животните и добивање на
максимална млечна продуктивност е строго почитување на дневниот режим, одржување на оптимални параметри на микроклимата во просториите (температура 10-15°С, влажност 60-80%, брзина на движење на воздухот во зима до 0,3 m/s, јаглерод диоксид до 0,3%, амонијак до 0,02 mg/l, хидроген до 0,01 mg/l, микроорганизми до 50 000 бр./m3).

Ова ќе се постигне преку одржување на добра хигиена, во просториите да нема
пренатрупаност со грла и да нема провев. Животните треба да се хранат со балансирани оброци во зависност од продуктивноста, физиолошката и телесната состојба. Да не им се дава замрзната храна, затоа што тоа е причина за појава на настинки и абортуси. Треба да се отстранува старата храна, таа е штетна како за животните, така и за луѓето, бидејќи
токсините преминуваат во животинските производи. Исто така, на животните треба да им се обезбеди постојан пристап до чиста вода за пиење, како и во многу студено време водата треба да е млака.

Треба да се користи секоја можност да се изнесат животните надвор. Прошетката и движењето на чист воздух влијае позитивно врз здравјето и продуктивноста.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *