Кампања: „Не гледај во небото, осигури се“, трибина денеска во Неготино

Вести

Со трибина во Неготино продолжува  едукативната кампања за подигнување на јавната свест за земјоделско осигурување во организација на земјоделското здружение „Современо земјоделство“ и осигурителни компании, а со поддршка од Владата на Република Северна Македонија.

Идејата за оваа кампања произлезе од потребата за поголема едукација и информираност на земјоделците за важноста од осигурувањето имајќи предвид влијанието на климатските промени и несигурноста на земјоделското производство како „фабрика на отворено“. Учество во кампањата земаат осигурителните компании Триглав, Евроинс, Кроација, Сава и СН Осигуритeлен брокер АД Битола.

На трибините, покрај земјоделци, стопанственици, претставници на осигурителните компании, учество ќе земе МЗШВ, АПРЗ, АФПЗРР и Посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство во КПВРСМ, Ленче Николовска.

Земјоделците воглавно чекаат само на директната помош од државата за надоместување на штетите што ги претрпеле од поплавите и други временски неприлики. Постапката за исплатата на отштетата трае подолг период, а во бројки тоа изнесува околу 5 милиони евра трошок, за сите оштетени, што е прилично голем износ, кој може да се пренасочи за други потреби во земјоделството.
Најдобро е земјоделците да ги осигураат своите површини, односно посевите со кои тие се засеани, со што многу полесно ќе ја надоместат штетата и побрзо ќе можат да го обноват производството.
Поддршка во осигурувањето добиваат и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое покрива 60 отсто од вредноста на полисата, преку субвенционирање. На овој начин ќе се избегнат сите несакани фактори од време, од град, од поплави, така што земјоделците ќе имаат можност да дојдат до одредени средства преку отштетата што ќе ја исплати осигурителната компанија.

Датуми и места за одржување на едукативни трибини во склоп на „Кампања за зголемување на земјоделското осигурување“

1. Трибина број 1: Битола, 20 јуни, четврток, 18 часот
2. Трибина број 2: Неготино, 27 јуни, четврток, 18 часот
3. Трибина број 3: Тетово, 04 јули, четврток, 18 часот
4. Трибина број 4: Ресен, 08 јули, понеделник, 18 часот
5. Трибина број 5: Струмица, 11 јули, четврток, 18 часот
6. Трибина број 6: Кочани, 16 јули, вторник, 18 часот

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *