Кина од државните резерви ќе го надоместува недостигот на свинско месо

Вести

Идната недела Кина преку јавно наддавање ќе продаде 10 000 тони свинско месо од резервите , соопшти министерството за трговија , за да се ограничат последиците од африканската свинска чума .

Кина има тешкотии со справувањето со свинската чума , поради што досега се убиени околу милион заболени свињи. Од државната компанија, која управува со државните резерви соопштија дека во вторник ќе се одржи аукција на замрзнато свинско месо, кое било увезено од Данска, Германија, Франција, САД и Британија.

Секој заинтересиран ќе може да купи најмногу 300 тони замрзнато месо.

Одлуката е објавена пред седмодневниот државен празник и прославата на 70. годишнината од основањето на Народна Република Кина на 1. октомври.

Поради болеста, цените на свинското нагло се зголемени, така што во август биле за 46,7 проценти повисоки од претходниот месец, што ги примора властите да ги отворат државните резерви.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *