Кое вино го намалува ефектот на короната?

Вести Винотека Лозарство Совети

Истражувачите од Тајван наведуваат дека растителните полифеноли од црвено вино и црвено грозје можат да го намалат дејството на вирусот и да го олеснат текот на болеста. Танините, растителните полифеноли со опорит вкус кои многу влијаат на вкусот и текстурата на виното, можат, како што знаат сите љубители на виното, да бидат, зрели, незрели, ситнозрнести – а науката сега вели дека може да бидат лековити и корисни во борбата против пандемиите на коронавирусите.

Истражувачите од Тајван докажаа дека танините покажаа одреден успех во запирање на активноста на два клучни ензими на вирусот САРС-ков2, предизвикувачки агенс на ковид 19. Не треба да се размислува за момент дека пиењето чаша по чаша вино ќе го уништи вирусот. Големото истражување на лековитите  својства на танините  овој план штотуку го апочнуваат и тие се само еден дел од сложувалката при создавање на идни антивирусни лекови кои ќе се приклучат на вакцините во арсеналот на медицината против оваа застрашувачка болест.

Миен-Чи Хунг, претседател на Медицинскиот универзитет во Тајван, предводеше студија која, меѓу другото, покажа дека танините кои се наоѓаат во виното успешно придонесуваат за слабеење на вирусната активност. Како што објави телевизијата ТВБС, Хунг рече дека првичниот план за истражување е да се најдат природни супстанции што имаат влијание врз вирусот САРС-ков2.

– Тестиравме разни соединенија од природата за кои претпоставувавме дека можат да делуваат на вирусот и се покажа дека танинската киселина има силни инхибиторни својства против вирусот – рече тој, објаснувајќи дека полифенолните соединенија се инаку познати по своите антиинфламаторни и антиоксидантни ефекти.

Хунг исто така рече дека се надева дека танините ќе можат да го покажат своето влијание во превенцијата и контролата на инфекцијата, како и дека лесно може да се извлечат од грозјето, бананите, виното, чајот и разни видови зеленчук. Тој исто така објасни дека ова не е нова гранка на истражување и дека дури и за време на епидемијата на САРС во 2003 година, студиите покажаа ефикасност на третманите што вклучуваат танинска киселина. Комерцијално достапни лекови кои вклучуваат танинска киселина сè уште не се гледаат во блиска иднина, но Хунг во секој случај препорачува консумирање храна богата со танини како еден од едноставните и безбедни начини за подобро здравје.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *