Кога е најдобро време да се режат розите

Вести Градинарство Совети

Главното режење на розите не се прави за време на есента, или рано во зимата, туку рано на пролет, што значи во почетокот на март или април пред да никнат младите израстоци.


Исклучок е режењето за време на есенскотото садење. Инаку, не треба да  се режат на есен освен потребните корекции, без кои не би било можно да се заштитат чувствителните сорти од мраз.

Во секој случај, гранките не треба да се скратат, бидејќи ова ризикува дека за време на зимските месеци, некои гранки можат да замрзнат, круната може да биде драстично намалена и следното лето да цвета многу помалку. Од друга страна, треба да ги отстраниме дивите израстоци  веднаш штом ќе се појават, а се однесува на оние  израстоци кои излегуваат од подлогата под калеменото место.

Можете лесно да ги идентификувате, бидејќи тие имаат различна форма на лисја и боја на кората и мора да се отстранат, бидејќи розите се непотребно лишени од храна. Па сега за време на есента розата се режи само во итни случаеви.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *