Липковско Езеро порибено со 350 килограми крап

Вести

Липковско Езеро порибено со 350 килограми крап

 

Ловечкото риболовно друштво Шќипоња – Липково изврши порибување на рибниот фонд со крап на Акумулацијата „Глажња“ и акумулацијата „Липково“.

Порибувањето во количина од 150 кг крап на „Липково“ и 200 кг на „Глажња“ е во рамките на добиената концесија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Евиденцијата на порибувањето беше од страна на овластен инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, Жаклина Ангеловска Митовска.

 

„Прво извршивме порибување на дел од водите кои се во ревирот на Ловечко риболовното друштво Шќипоња – Липково, а во согласност со Законот за рибарство и аквакултура. Двете акумулации во општина Липково се порибени со 350 кг крап, овие количини се согласно со програмата на ЗСР за годишна работа за 2020“, изјави државниот инспектор за земјоделство Ангеловска Митовска.

Во риболовните води за кои се однесува оваа риболовна основа како единствена рекреативна зона се определува Рекреативната зона – „акумулација „Глажња“- која ја опфаќа целата површина на вештачкото езеро – акумулација „Глажња“ од вливот на реките Бресјанска (Камена Река) и Гошинска од вливот во акумулацијата до браната, а концесионер е ЛРД „Шќипоња“ од Липково.

Исто така ЛРД „Шќипоња“, Липково е концесионер и на акумулацијата „Липково“  каде како единствена рекреативна зона се определува Рекреативната зона – „акумулација „Липково“ – која ја опфаќа целата површина на акумулацијата и делот на Липковска Река од браната на акумулацијата „Глажња“ до вливот во акумулацијата „Липково“.

 

 

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *