Љупчо Николовски: Градиме партнерски однос со земјоделците, вложуваме во развој и модернизација на земјоделството!

Вести

Градиме партнерски однос со земјоделците, вложуваме во развој и модернизација на земјоделството!, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Она што го најавивме и започнавме пред 4 години, нови инвестиции, развој и модернизација на земјоделството, чекор по чекор се реализира!

Денеска на собраниска седница, пратениците го изгласаа Законот за заем од Светска Банка со кој се обезбедуваат НОВИ 46 милиони евра кои ќе бидат вложени за нови капитални инвестиции за развој и модернизација на земјоделството!

-Градење на откупни центри во Скопје, Струмица и Ресен и Агрофуд Платформа преку кои ќе се реши откупот, складирањето, сортирањето и пласманот на земјоделските производи (додадена финансиска вредност за земјоделците)

-Софтверско решение за евиденција на целокупното земјоделско земјиште во Република Северна Македонија (брзи и точни информации за секоја парцела)

-Кафилерија за еколошка преработка на нус-производите од животинско потекло (заштита на животната средина)„, посочи Николовски.

Николовски нагласи дека се создава клима за социјална и економска одржливост.

„Работиме за зачувување и унапредување на квалитетот на животната средина. Ги вклучуваме земјоделците, како активни чинители во процесот на донесување одлуки. Секој земјоделец сега има конкретна корист од економскиот развој и дејствува во подобрени услови“, потенцираше Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *