Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и земјоделци

Вести

Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци и други самостојни вршители на дејност.


————————————————-
Мерката е иста како за работодавачите – единствена разлика е што апликацијата оди преку системот е-ПДД на УЈП.
◾ Прво, се пополнува барање за исполнетост на условите:
▪ До 5-ти во месецот за претходниот месец
▪ Преку системот е-ПДД
◾ Во рок од 3 дена УЈП ја потврдува комплетноста на барањето
◾ До 13-ти во месецот физичкото лице – самостоен вршител на дејноста на трансакциската сметка преку која врши самостојна дејност добива исплата на финансиската поддршка
◾ До 15-ти во месецот треба да се исплати плата за претходниот месец.
——————————————————
Барателот треба да ги исполнува следните услови:

➡ Во месец март 2020 да има најмалку 30% намалување на приходите во однос на месечниот просек во 2019;
➡ Oние кои се основани после март 2019 – да имаат најмалку 30% пад на приходи за месеците април 2020 или мај 2020 во однос на просекот минатата година вкличително и јануари и февруари 2020;
➡ За сезонските вршители на дејност да имаат пад на приходите за над 30% во последниот сезонски период од 4 месеци со истиот период претходната година
——————————————————
Мерката не може да ја користи самостоен вршител на дејност кој во 2019 година има нето доход пред оданочување или утврден годишен паушален нето доход поголем од 478.800 денари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *