Минирање на патот Пресека – с Врбјане, сообраќајот по влажни коловози

Вести

Во вторник на 13.04.2021 од 12 до 15 часот во времетраење од 20 минути ќе се врши минирање на автопатот А2 на патниот правец планински премин Пресека – с Врбјане.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *