Министерот Димковски оствари средба со шефот на канцеларијата на УНДП, Нарин Шахакјан

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски вчера оствари средба со шефот на канцеларијата на УНДП, Нарин Шахакјан.

-Во период кога климатските промени се повеќе негативно влијаат врз земјоделското производство, инвестициите имаат важна улога за рентабилно производство. Во изминатите години токму овие инвестиции беа тотално запоставени. На овој работен состанок со шефот на канцеларијата на УНДП во земјава Нарин Шахакјан, разговаравме за мерките кои како ресорно министерство ги преземаме. МЗШВ вложува многу финансиски и човечки капацитети за реализација на водостопански проекти, што е долгорочна стратегија за оддржување на земјоделските посеви во добра кондиција, истакна министерот Димковски.

Службите на министерството и УНДП ќе работат на детектирање на состојбите на постоечките системи за наводнување по што ќе се изготват студии и крајно ќе се инвестира во рехабилитација и реконструкција на истите, дополни Димковски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *