Министерот Хоџа на средба со амбасадорот на Република Аргентина Н.Е.Алфредо Атанасов

Вести
Министерот Хоџа, денеска одржа прва средба со амбасадотор на Република Аргентина Н.Е. Алфредо Атанасов.
Можно е да е слика од 1 лице, стоење и костум
Заеднички заклучок е дека нашите земји имаат потенцијал за многу поголема соработка од досегашната. За таа цел, во најскоро време ќе потпишеме меморандуми за билатерална соработка во областа на трговската размена на земјоделски и прехранбени производи.
Можно е да е слика од 1 лице и стоење
Досегашниот извоз на наши производи кон оваа пријателска земја е со висок капацитет за раст, особено во делот на органски производи. Во следниот период, ќе ја зголемиме трговската размена и со производи кои досега не сме ги извезувале на аргентинскиот пазар, а постои голем интерес. Министерот Хоџа и амбасадорот Атансов се согласија дека и нашиот пазар е добар потенцијал за аргентинските производи особено во делот на земјоделска механизација и производи од риба и месо.
Можно е да е слика од 2 луѓе, брада, луѓе што стојат и костум
Тоа е нашиот мотив да ја интензивираме соработката со оваа пријателска земја, што ќе придонесе кон вкупниот економски раст на државата.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење, седи, канцеларија и внатре

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *