Министерот Хоџа на средба со координаторот на ООН во РСМ – Развивање одржливи системи за храна, кои ќе водат грижа за економскиот, социјалниот апсект и за животната средина

Вести

 

На денешната средба на министерот Хоџа со Постојаниот координатор на Организацијата на Обединетите нации во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дуџак, потенцирано е дека со потпишувањето на новата Рамка за соработка за одржлив развој 2021 – 2025, утврдени се приоритетните области за поддршка на нашата земја од агенциите на ОН, во која земјоделството, шумарството и водостопанството се едни од клучните сектори. Г-ѓа Дуџак го инфомираше министерот Хоџа за подготовките во пресрет на Светскиот самит за храна што ќе се одржи во ноември годинава, на кој централна тема се земјоделските системи и нивното усогласување со Целите на одржлив развој. Нашата држава ќе биде дел од овој глобален процес во рамки на Агендата 2030.

Земјоделските системи се основата на сите цели за одржлив развој, затоа мерките кои треба да се преземат ќе вклучат широк опсег на консултации и дијалог на повеќе нивоа во државата, вклучувајќи го и приватниот сектор, производителите на храна, невладиниот сектор, науката и образованието. Целта е да се развијат одржливи системи за храна, кои ќе водат грижа за економскиот, социјалниот апсект и за животната средина, а намалување на степенот на сиромаштија е крајната цел од овие активности.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство активно ќе се вклучи во подготовките за Свесткиот самит за храна и со поддршката што ќе биде обезбедена од Организацијата за храна и земјоделство на ОН – ФАО, ќе биде фокусирано на откривање на слабостите во системите за храна, со цел да се спроведат конкретни промени во системот на производство на храна – од фарма до трпеза.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *