Министерот Николовски денеска беше меѓу лозарите и земјоделците во Демир Капија

Вести Лозарство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше на средба со лозарите и земјоделците во винариите Попова Кула, Вила Марија и селото Корешница, близу Демир Капија.

На средбата, покрај тековните активности министерот ги истакна и предностите за земјоделците доколку Македонија стане дел од Европското семејство.

– Со влезот во ЕУ и НАТО, македонските лозари ќе имаат сигурен откуп и повеќе приходи. Влегуваме на пазар со 500 милиони потрошувачи, 250 пати поголем од домашниот. Добиваме повисоки субвенции и нови инвестиции за развој во земјоделството, истакна Николовски.

Министерот истакна и дека 40 отсто од буџетот на Европската унија е за земјоделството, а субвенциите за земјите членки се бројат во милијарди евра. Членството ќе значи повеќе европски пари за субвенции, за механизација, за повисок приход, за подобар производ и за сигурен пласман со подобри цени.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *