Министерот Николовски денеска од Прилеп официјално го најави почетокот на откупот на тутун од реколтата 2018

Вести

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беше во посета на Тутунскиот комбинат во Прилеп.

-За новата реколта на тутун се склучени 4.700 повеќе договори од минатата година и зголемени се површините засадени со тутун за 387 хектари. Ова е доказ дека нашите политики за поддршка на тутунопроизводството даваат реални резултати, овозможуваат стабилно и развојно производство, истакна Николовски.

Министерот Љупчо Николовски, во рамки на својата посета на Тутунскиот комбинат, пред тутунарите денеска од Прилеп, официјално го најави почетокот на откупот на тутун од реколтата 2018 година.

-Во 2017 година достигнавме највисока откупна цена за тутнот од 217,60 денари. Воведен е нов модел на зголелеми субвенции, за што се исплатени над 28 милиони евра и тоа за првпат навремено, кога им беа најпотребни на земјоделците, истакна Николовски.

Според базата на МЗШВ досега се отворени 195 откупни пунктови, а вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *