Министерот Николовски на работилница во Кочани, за идните политики, пазарните стандарди и нови технологии

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше дел од работилница во Кочани, со експерти од регионот и пошироко, на која се разговараше за новите технологии, пазарните стандарди, идните политики.

-Го унапредуваме процесот на производство на ориз, создаваме услови за конкурентни и покавалитетни производи, стабилен пласман и повисоки приходи за земјоделците. На денешната работилница разговаравме за идните политики, пазарни стандарди и нови технологии, заедно со експерти од регионот и пошироко. МЗШВ досега реализираше експерстка мисија и студиска посета за европските практики од оваа област, истакна Николовски.

 

Овие активности се организираат преку Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската Комисија-ТАЕКС.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *