Грчката компанија „Мисириан“ од вчера започна со исплата на тутунот од годинешната реколта, соопштија од компанијата.

Откупот на тутунот се одвива непречено, а очекуваат да го исполнат планот и да откупат 1500 тони тутун, колку што имаат склучено договори со тутунопроизводителите.

