Модернизација на земјоделството со помош на Светска Банка

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со својот тим, денеска имаше состанок со директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели и со делегацијата од Светска банка.

-На денешниот состанок со директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели и со делегацијата од Светска банка, ги презентиравме политиките на МЗШВ и важноста на поддршката што би ја добиле од Светска банка. Наши заеднички приоритетни цели се модернизација на земјоделството, зголемување на извозот, олеснување на пристапи кон пазарите и фокус кон инвестициски мерки во програмите за субвенционирање, истакна министерот.

Воспоставување на нов систем за откуп и дистрибуција на земјоделски производи по европски стандарди, инвестиции во водостопанската инфраструктура и реформи во шумарскиот сектор, ова се трите области за кои Светска банка, е заинтересирана финансиски и технички да и помогне на Македонија.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *