Изминатите две години, април е погубен за македонското земјоделство. Пролетниот мраз минатата и предминатата година во април предизвика огромни штети на овошните и лозовите насади, како и на посевите.
Во 2017 година на 21 и 22 април утринските температури се спуштија под нулата и предизвикаа штети на голем број култури.
Истото се случи и пред две години, кога најмногу од пролетниот мраз настрадаа овошките во Преспа.