МЗШВ. Билатерална соработка со Романија

Вести
Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска остварив средба со Н.Е Адела Моника Аксинте, амбасадор на Романија во Република Северна Македонија.
Романија дава голема поддршка на евроинтергативниот процес на Република Северна Македонија, а со своето богато искуство може да помогне во хармонизација на законската регулатива во поглавјата земјоделство, рурален развој и безбедност на храна. Постои голем, но недоволно искористен потенцијал за билатерална соработка, кој ќе биде одредница за унапредување на идната соработка меѓу двете земји во земјоделството. Се согласивме да се идентификуваат конкретни проекти од взаемен интерес и да се потпише Протокол за соработка.
Посебен акцент ќе се даде на поврзување на бизнисите, а како прв чекор во оваа насока е претставувањето на македонските земјоделско-прехранбени производи во Стопанската комора во Букурешт, за што македонски компании изразија голем интерес особено за промоција на преработки од земјоделски производи, млечни и месни производи и кондиторки производи.
Во пресрет на нашата евроинтеграција, полесно ќе чекориме со поддршката од пријателите.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *