МЗШВ и ФАО: Потребно е формирање на Агенција за земјоделско земјиште

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше средба со експертот за земјишни политики на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации – ФАО, Мортен Хартвигсен.

-На денешната средба, со претставници од ФАО, разговаравме за планираните реформи во делот на управување со земјоделското земјиште и земјишната политика. Анализите на тимот од ФАО и стручните лица од МЗШВ покажуваат дека е потребно формирање на Агенција за земјоделско земјиште за ефикасно и транспарентно управување со земјоделското земјиште, истакна Николовски.

Крајната цел ќе биде олеснување и регулирање на пазарот на земјоделско земјиште, ставање во функција на обработливото земјоделско земјиште, со што директен бенефит ќе имаат земјоделците кои што сакаат да го прошират своето производство и сите останатите заинтересирани субјекти кои што сакаат да инвестираат во агросекторот.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *