МЗШВ ја следи состојбата со откупната цена на доматите

Вести

По реакциите на земјоделците дека само за неколку дена откупната цена на доматите драстично падна,  од ресорното министерство одговорија  дека  континуирано ја следат  состојбата на терен со откупот и откупните цени.

Од таму информираат дека паралелно се следи и производната цена на доматите преку ФАДН системот и продажните цени на големо преку земјоделскиот пазарен информативен систем.

,, Доколку се увиди дека земјоделците остваруваат загуби од производната и продажната цена, министерството може да излезе со дополнителни мерки за производителите на раниот домат. Во следните денови очекуваме подобрување на состојбата со откупот бидејќи имаме најави за извоз на рускиот и на украинскиот пазар“,  информираат од МЗШВ.

Дека откуп има потврдуваат и производителите, но велат такви цени не паметат оддамна.

,, Цените се катастрофални. Навистина врска немам зошто е така, битно е изгледа само трговијата да оди, а ефектот каков ќе е од сето тоа се гледа, катастрофа,, вели ВАСЕ МИТУШЕВ – ЗЕМЈОДЕЛЕЦ.

Во моментов раниот домат се извезува во десетина земји меѓу кои се поранешните  југословенски републики но и Грција, Бугарија, Молдавија и Романија. За помалку од еден месец, односно од 15 мај до 10 јуни извезени над 6,1 милиони килограми домати во вредност од над 3,5 милиони евра.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *