МЗШВ: Со нови мерки ја дополнуваме Интервентната програма – Обезбедуваме поддршка за вештачко ѓубриво, сливи и зелка

Вести

Интервентната програма која ја донесовме во рамки на Националниот план за производство на храна ги постигна очекуваните резултати за брза и навремена поддршка на земјоделците.

Како успешна мерка ја продолжуваме и во наредниот период, дополнета со нови мерки кои имаат за цел поддршка на земјоделците и за есенската сеидба.

За потсетување, на почетокот од годината кога ја донесовме оваа Интервента програма вкупниот интервентен фонд изнесуваше 400 милиони денари, со ребалансот на буџетот извршивме дополнување на оваа програма со нови 500 милиони денари, со што достигнавме до вкупен интервентен фонд од 900 милиони денари, средства наменети за поддршка на земјоделците.

Денес на владина седница беа прифатени новите дополнителни интервентни мерки кој како министерство ги предложивме.

Нова дополнителна мерка се обезбедува за финасиска поддршка од 3 денари по килограм за произведена и предадена зелка за период 13 април 2022 до 07 мај 2022 година. Корисници на оваа мерка се регистрирани земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат производство на зелка и поднесено барање по Програмата за финасиска поддршка во земјоделството за 2022 година и производството го имаат предадено во регистрирани откупувачи започани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во министерството.

Максималната прифатлива количина на зелка за која се обезбедува поддршката е 30.000 килограми по хектар пријавена површина.

Нова дополнителна мерка се обезбедува и за финасиска поддршка за произведена и предадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во производствената 2022 година имаат овошен насад од слива со поднесено барање за исплата на директни плаќања и производството го имаат предадено во регистрирани откупувачи запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски проиводи на министерството. Максималната прифатлива количина на сливи за која е обезбедена поддршката е 17.000 килограми по хектар пријавена површина.

Висината на финасиската поддршка за откупена слива за месец август изнесува 2 денари по килограм, додека висината за финасиската поддршка за откупена слива за месец септември изнесува 4 денари по килограм.

Како успешна мерка ја продолжуваме финасиската поддршката на земјоделците за набавка на вештачко ѓубриво во производството на житни култури, однсно за производство на пченица и јачмен. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои оваа есен имаа засеани површини со пченица и јачмен и земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал согласно закон. Корисниците треба вештачкото ѓубриво за посевите да го имаат набавено во период од 01 август до 31 октомври 2022 година.

Висината на финасиската поддршка изнесува 3.000 денари по хектар приватлив трошок за набавка на вештачки ѓубрива и тоа во количина од најмалку 200 килограми по хектар за пченица и јачмен.

Дополнително најавуваме дека во наредниот период Интервентната програма ќе биде дополнета и со мерка која се подготвува за финасиска поддршка за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Изминатиов период преку Интервентата програма на земјоделците обебедивме навремена и брза поддршка во услови на криза, со која им помогнавме во намалување на трошоците за производство. Радуваат постигнатите резултати со интервентните мерки и големата заинтересираност кај земјоделците.

Успеавме без проблеми да го спроведеме планираниот систем за прибирање на апликациите и брзата исплата кон земјоделците.

Преку досегашните мерки со Интервентната програма дававме поддршка за земјоделците за набавка на вештачко ѓубриво во производството на стратешки важните житни култури, како пченица, јачмен, пченка и сончоглед.

Да потсетиме поддршката за оваа мерка изнесуваше 4.000 денари за набавени вештачки ѓубрива за површини засеани со пченица и пченка со употребени минимум 200 килограми ѓубриво по хектар и 2.500 денари за површини засени со јачмен и сончоглед со употребени минимум 200 килограми ѓубриво по хектар за јачменот, односно употребени 100 килограми по хектар кај сончогледот.

Досега мерката за набавка на вештачко ѓубриво ја искористиле 6895 апликанти за кои е исплатена вкупна поддршка од 112,9 милиони денари.

Поддршка преку мерки од Интервентната програма обезбедивме и за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет, за одгледани и заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет и за мерката одгледување на кокошки несилки.

Овие мерки ги искористиле вкупно 1.810 апликанти со вкупна исплата во висина од 219,7 милиони денари.

Наша задача како министерство е да понудиме решенија за сите проблеми кои ги мачат земјоделците. Одиме стабилно и со план, пари се обезбедени за сите земјоделски гранки. Секој земјоделец добива досега рекордна поддршка и субвенција. Тоа е поддршка за секој еден човек, поддршка стабилно и зголемено домашно производство на храна. 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *