Официјално, почнаа подготовките за годинашнава реколта тутун. Тутунарите се пред подрачните единици на Министерството за земјоделство да извадат евидентни листови како лиценци за новиот род. Интересот е зголемен, велат надлежните од Министерството. Ако треба ќе работат во две смени.
За тутунарите сега производството стана исплатливо. Но, треба да се зголемат цените по класи- велат тие.
Откупот од ланската реколта завршува и пред закоскиот рок. Преземени се преку 21.000 тони по 217 денари за килограм. Годинава, договори со тутунарите ќе склучуваат 9 компании. Нова е грчаката фирма „Мисиријан“.
Сојузот на тутунските здруженија најавува преговори за цените по класи пред потпишувањето на договорите.
Во Пелагониско се произведува повеќе од половината од годишниот род во земјава.