Најповолно осигурување на земјоделски посеви и плодови со „СН“ осигурителен брокер

Вести

Со оглед на актуелните климатски промени во последните години од поплави, град, мраз, пожар и други елементарни непогоди кои претставуваат причина за уништување на посевите и плодовите на земјоделците, се повеќе и повеќе постои заинтересираност и одлучност за осигурување на земјоделските посеви и плодови.

Тоа е благодарение на државата, која им излегува во пресрет на земјоделците со што ги субвенционира нивните полиси за осигурување во износ од 60% од нивната премија. Токму затоа потребно е секој земјоделец  добро да размисли и да ја избере најповолната и најквалитетната понуда со што би бил заштитен од непредвидливите временски непогоди.

„СН“ осигурителен брокер АД Битола овозможува осигурување на сите земјоделски култури:

-лозови насади;

-овошни насади;

-житни култури;

-градинарски култури;

-индустриски култури;

 

Земјоделците треба да ги покријат трошоците во висина од 40% од полисата, а во „СН“ осигурителен брокер тоа можат да го направат на 5 еднакви рати.

 

Членовите на здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“ ќе добијат дополнителен попуст од 7-10% со покажување на членската картичка.

 

Секој земјоделец треба да е регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и треба да достави решение од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од општината на местото на престој, во канцелариите на СН Осигурителен Брокер.

 

Обратете се во канцелариите на „СН“ Осигурителен Брокер во центарот на Битола, на улица „Димитар Илиевски Мурато“ бр. 5 и ќе ги добиете сите стручни совети и потребни информации за комплетната изработка на осигурителната полиса. Лице за контакт 078/237-529 Александра Петровска.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *