Николовска: Дони Фруитс е потенцијален сериозен инвеститор во Македонија

Вести

Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство на претседателот на владата на Р.М. најави дека поканата која ја доби нашата земја за членство во НАТО го отвори патот на инвеститори и во земјоделската област. Имено, Дони Фруитс е потенцијален сериозен инвеститор.

-Земјоделци, што велите да има и кај нас ваков откупен дистрибутивен центар?
Ова е во Албанија, ова е албанскотo овошје и зеленчук, ова се трговците, ова е „Дони Фруитс“, ова се вика стабилен пласман и обезбеден пазар на земјоделски производи. Албанија со членството во НАТО ја има потребната стабилност и сигурност која е многу важна за инвеститорите, рече Николовска.

Воедно, Николовска имаше средба со албанскиот заменик министер кој откри дека со 20 милиони евра субвенции годишно го зголемиле производството за 20% само во првата година кога ја започнале стратегијата и откако станаа членка на НАТО инвеститорите ја добија потребната сигурност и стабилност.
Сега се насочени кон искористување на 80 милиони евра од ЕУ фондови.

Таа на својот ФБ профил напиша:  – “Потонав” од срам за туѓи грешки и погрешни политики…Му кажувам на Албанскиот заменик министер дека со 1 милијарда евра за 10 години во агрокомплексот, нашето земјоделско производство е намалено а увозот на храна дуплиран.  Земјоделци и агробизнисмени- ВРЕМЕ Е за модерно Eвропско производство и пласман.“

 

Б.П. за Современо Земјоделство

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *