Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во вторникот имаше средба со Ханс Георг Ван Дер Марвитц, пратеник од Бундестагот од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со неговиот тим, разговараа за зголемување на трговската размена, за промоција и извоз на македонските земјоделски производи во Германија.
-Македонија има големи можности за развој на земјоделството и зголемување на трговската размена, коишто значително се олеснуваат со влезот во ЕУ“, истакна Ханс Георг Ван Дер Марвитц, пратеник од Бундестагот од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Министерот Николовски истакна дека најголемата помош при евроинтеграцискиот план се добива токму од Германија.
-Ние сме одлучни во нашиот план за евроинтеграции, немаме друга шанска и затоа убедени сме дека ќе успееме. Сојузна Република Германија, ни дава голема поддршка за капитални инвестиции и очекувам успешна соработка со нашите пријатели во иднина. Тие се наш стратешки партнер за извоз, токму затоа инвестираме во промоција на македонските производи таму, -истакна Николовски.
Николовски откри и дека следната година за првпат после 7 години МЗШВ ќе свој штанд на саемот „Зелена недела“ во Берлин.