Николовски: Искористувањето на ИПАРД е еден од приоритетите

Вести

Детално го разгледавме Извештајот на ЕК кој се однесува и на нашиот сектор. Особено е значаен нотираниот напредок, особено во делот на безбедноста на храната. Потенцирани се и состојбите во ИПАРД Програмата каде навистина сме фокусирани, со цел зголемување на капацитетите на Платежната агенција, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Овие денови, дополни, почнаа со работа нови луѓе во Агенцијата, а до крајот на годината ќе продолжиме со целосно зголемување на нејзиниот персонален и стручен капацитет.

– До крајот на годината ќе ги акредитираме и новите мерки кои ќе значат отворање нови можности. За следните два огласа до крајот на 2018 гледаме да ги отстраниме сите административни и други пречки кои постоеја претходниот период и беа бариера за забрзано процесуирање на апликациите, потенцира министерот, одговорајќи на новинарски прашања откако ја доби донацијата во возила и ИТ опрема од ЕУ.

Радува фактот, истакна, тоа што е драстично зголемен интересот за ИПАРД, со оглед дека на првиот оглас од ИПАРД 2 објавен минатата година се поднесени над 1.600 барања.

– Фитосанитраната политика ќе биде исто така еден од сегментите на кои ќе се посветиме и кои се нотирани како една од слабостите подолг временски период. Но, интензивно работиме и на носењето на новата законска регулатива во фитофармацијата и подзаконските акти. Целокупно во сектоорт ќе ги следиме сите препораки што ние беа дадени од ЕК, рече Николовски, подвлекувајќи дека капацитетите на МЗШВ ќе бидат максимално насочени кон земјоделството, руралниот развој и искористувањето на ЕУ фодновите

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *