Во рамки на меѓународната министерска конференција во Брдо при Крањ,Република Словенија, министерот Љупчо Николовски посебно му се заблагодари на словенечкиот министер за земјоделство, шумарство и храна, Дејан Жидан и на вработените во министерството, за експертската помош и за нивните советодавни мисии во Република Македонија, поврзани со мерката ЛИДЕР и регистрирањето и финансирањето на Локалните акциски групи #ЛАГ.
-Вчера заврши третата теренска мисија во Македонија и започнуваме со подготовка за финалниот настан што ќе се одржи на крајот на овој месец во Македонија, на кој што ќе присуствуваат сите регистирани ЛАГ-ови, градоначалниците и експертите од Словенија. За таа цел, го поканив министерот Жидан да присуствува на завршувањето на еден важен проект за нас како држава, а кој е плод на добрата соработката помеѓу министерствата од Македонија и Словенија, истакна Николовски.
Локалните акциски групи за Македонија се важни за регионалниот рурален развој како алатка која ги спојува земјоделските производители, здруженијата, локалните власти и приватниот сектор.