Николовски: Обезбедуваме 600.000 денари поддршка за набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг, а за малите дестилерии до 300.000 денари по корисник

Вести

Заедно со малите производители на храна, членови на Здружението Алијанса на премиум производи министерот Љупчо Николовски одржа конструктивна средба на која ги информираше за новата програма за мали производители на храна, мали винарии и дестилерии.

-Обезбедуваме 600.000 денари поддршка за набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг.

-Малите винарии постигнаа одлични резултати и се наша гордост, токму затоа доделуваме грант до 600.000 денари за набавка на опрема за производство и пакување за мали семејни винарии со капацитет до 50.000 литри.

-Дополнително, обезбедуваме поддршка за малите дестилерии до 300.000 денари по корисник, за набавка на опрема за производство на жесток алхолен пијалок.
За мене посебно значење имаат малите производители на храна и пијалоци, бидејќи така ја зачувуваме нашата традиција, но истовремено помагаме земјоделците да набават опрема и својот производ да го пласираат, и направат достапен за секој, изјави Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *