Николовски оствари средба со министерот за земјоделство на Египет, со главен акцент за извоз на македонското јаболко во Египет

Вести

При посетата на саемот „Зелена недела“, министерот за земјоделство, шумартсво и водостопанство, Љупчо Николовски имаше средба со министерот за земјоделство на Египет, Абу Сетејт, на кој што разговараа за унапредување и олеснување на трговската размена со земјоделски производи, зголемување на извозот на македонски земјоделски производи во Египет особено на македонското јаболко.

-Во последните години неколку египетски компании покажаа интерес за увоз на македонското јаболко. Затоа, на состанокот го отворивме и прашањето за укинување на царинската стапка од 40 % за македонското јаболко, која го прави неконкурентно на пазарот во Египет. Разговаравме и за увоз на земјоделски производи од Египет кои се атрактивни за пласман во Македонија, истакна Николовски. 

Николовски додаде дека на оваа тема започнаа преговори во рамки на техничката работна група која ќе се формира согласно Протоколот за соработка во земјоделството.

-Со египетскиот министер за земјоделство, г-дин Сетејт договоривме на 11-ти февруари да имам официјална посета во Каиро. Во рамки на средбата ќе разговараме и за други форми на соработка, особено во делот на науката и истражувањето, програми за обука во однос на наводнување и поврзување на компаниите од двете земји преку организирање Б2Б средби, рече Николовски.

Инаку, во рамки на саемот „Зелена недела“, се одржа и Глобалниот форум за храна и земјоделство (GFFA), на кој што на меѓународните министри им се обрати германската канцеларка Ангела Меркел, која што зборуваше за значењето на дигитализацијата за иднината на земјоделството.  Меркел порача дека дигитализацијата ќе го олесни земјоделското производство преку  пристап до повеќе и попрецизни информации, а воедно со помош на дигитализацијата во делот на маркетингот и прехранбената индустрија ќе може да се минимизира фрлањето на храна.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *