Николовски: Се преземаат мерки за заштита на пчелите и развој на пчеларството

Вести Пчеларство

По повод Меѓународниот ден на пчелите на учениците од ОУ „Братство Единство“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беше во Охрид, заедно со министерката за земјоделство, шумарство и прехрана на Република Словенија, д-р Александра Пивец.

Тие им презентираа неколку податоци за значањето на пчелите за животната средина, но и за хранливата вредност на пчелните производи.

-Ние треба да сториме сé што е во наша моќ за да ги поддржиме пчелните семејства и луѓето во нашите земји кои се грижат за нив. Порачавме дека одговорното однесување кон природата мора да продолжи со идните генерации, истакна Николовски. 

Николовски истакна дека како министерство преземаат низа мерки за заштита на пчелите и развој на пчеларството. Минатата година се потпиша и Декларација со која се обврзува МЗШВ на овие цели, но и на подигање на јавната свест за улогата на пчелите во зголемување на приходите од земјоделство и зачувување на животната средина.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *